Стоилов: Мундијалот е специјален настан во Македонија, жал ми е што не сме подобро подготвени

Македонија ќе игра во главната рунда на Светското првенство во Египет откако го победи Чиле со 32-29.

Пивотменот Стојанче Стоилов вели дека настапот на Мундијалот за Македонија е нешто специјално за државата.

„Одигравме две катастрофални први средби, задоволство е да се биде во втората рунда и уште да се биде во Египет. Ќе дадеме се од себе достоинствено во втората фаза да ја претставиме Македонија. Да се игра на СП е специјално, поинакво, иако не дојдовме подготвени како што треба, но сигурен сум ќе бидеме подобри од меч во меч. Имаме неколку искусни ракометари, но имаме дури седум дебитанти во нашиот состав. За нив ова е специјален настан, исто така СП е и голем настан за нашата држава. Жалам што не можевме подобро да се подготвиме за ова СП“, изјави Стоилов.

Македоија во главната рунда ќе игра против Словенија, Русија и Белорусија редоследно, а првиот меч е на програмата на 20 јануари.