ОФИЦИЈАЛНО: Несудениот вардарец Дуарте потпиша за Гепинген!

Несудениот ракометар на Вардар, Жилберто Дуарте, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата, откако беше промовиран како член на бундеслигашот Гепиген.

Како што пред две недели најави 24Ракомет, откако Вардар не доби дозвола од ЕХФ да игра во Лигата на шампионите, Дуарте веднаш најде нова средина и по првенствата во Португалија, Полска, Шпанија и Франција, ќе заигра и во Германија.

Левиот бек потпиша договор на една сезона со бундеслигашот и ќе биде замена за повредениот Себастијан Ханеман, кој долго време нема да се врати на терените. Со Гепинген, освен во Бундес лигата, Дуарте ќе настапува и во Лигата на Европа.

„Со голема возбуда и мотивација го очекувам мојот нов предизвик во Гепинген и во Бундес лигата. Ќе го дадам својот максимум за клубот да ги оствари своите цели“, изјави Дуарте.

Покрај за Порто во португалскиот шампионат, Дуарте настапуваше и во полската Висла Плоцк, шпанскиот гигант Барселона и францускиот Монпелје.

Португалецот нема да заигра за Вардар: Дуарте пред преселба во Гепинген!