Норвешка се помачи, но си ја одработи задачата против „гаучосите“

Селекцијата на Норвешка ја забележа втората победа на Олимписките игри во Токио, откако славеше над Аргентина со 27-23.

Норвежаните отворија со убедливо со 6-1, беше и 9-4, но „гаучосите“ стигнаа до 9-9. Беше и 12-12, но Јондал се погрижи за водство на Норвешка на паузата, 13-12.

По 19-18 во вториот дел, скандинавската репрезентација ја направи клучната серија за 22-18 и до крајот веќе немаше поголеми проблеми да ја сочува предноста.

Најдобри стрелци во победничката репрезентација беа Сагосен со седум и Јондал со шест гола, додека кај Аргетина се истакна Симоне и Пизаро имаа по пет гола, а одличен на голот беше Мациел со 15 интервенции.