Игропуло се враќа во Барса, ќе му биде асистент на Ортега

Според информациите на каталонското радио „РАК 1“, Русинот Константин Игропуло ќе се врати во Барселона.

Тој би требало да му биде помошник на Карлос Ортега, а досегашниот асистент Томас Свенсон ќе се посвети само на работата со голмани.

Игропуло минатата сезона беше тренер на тимот Виктор Ставропол, а со Ортега соработуваа во данскиот Колдинг.

Некогашниот десен бек на руската репрезентација ги бранеше боите на каталонскиот гигант три сезони, а ја освои и титулата во ЛШ во 2011 година.