Во Шведска ќе се игра ракомет пред 7.000 гледачи и полни трибини!

Во текот на кризата предизвикана од светската пандемија, имаше многу дилеми и дискусии за тоа кога можат навивачите да се вратат на трибините.

Колкав ќе биде нивниот број и какви мерки да бидат преземени, колку тие ќе бидат ефикасни против ширењето на вирусот…се некои детали кои мораат да бидат строго пропишани пред да се играат натпревари со гледачи.

Шведска е една од земјите кои се справуваа со коронавирусот со различна стратегија од најголемиот дел земји во светот. Така и продолжуваат и најавуваат рушење на рекордот на најпосетен меч во земјата токму во време на пандемија, која зема се поголем замав во Шведска и тешко дека ќе се смири до крајот на годината.

Во женската лига на Шведска, дуелот помеѓу најдобрите две екипи Скуру и Х65 Хор ќе се одигра пред полни трибини и околу 7.000 гледачи. На овој натпревар се очекува да биде срушен рекордот за најпосетен меч во женската лига во Шведска.

Натпреварот е предвидено да се игра на 4 јануари во Кинарпс Арената во Јонкопинг. Во тој период во истата сала ќе се одржи турнир за деца и младинци и се очекува да има многу млади луѓе на трибините.