Ана Сен: Разочарана сум бидејќи ја одложија Олимпијадата

Ракометарката на Ростов Дон, која е и репрезентативка на Русија, Ана Сен, после дознавањерто за одлуката Олимписките игри во Токио да бидат одложени за следната година го искажа своето мислење.

Сен е разочарана поради фактот дека игрите нема да бидат ова лето бидејќи сè имала насочено кон нив.

„Одлуката Олимписките игри во Токио да бидат одложени за мене е големо разочарувње. Можам да замислам колку им е тешко на другите спортисти. Особеное тешко за оние спортисти за кои оваа Олимпијада би можела да биде последна икрај на нивната кариера. Сега е одложена за една година, а многумина работеа за да дојдат на неа, четири години, некои можеби и осум доколку на претходната биле повредени или дисквалификувани“, вели Сен.

Таа коментира и за тоа дека од последните игри во Рио имала пауза, но дека сè било испланирано да може да се врати навреме и да игра во Токио.

„Лично, мене ми беше тешко да го преживеам овој период и со нетрпение ги чекав игрите. После Олимписките игри во 2016 година во Рио де Жанеиро бев на породилно отсуство,а потоа се обидов брзо да се вратам во форма. Сонував во 2020 година повторнод бидам дел од Олимписките игри, но на крајот сонот пропадна, па ќе мора да се чека уште една година“, коментираше Сен.

Со оглед на тоа што има 29 години за очекување е да биде дел од составот на Русија и следната година така што таа сигурно ќе има можност да ги брани боите на својата земја на Олимпијадата воТокио.