ЅВЕЗДА НА 4 КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – АДЕЛА ЕЛЕНИН (КУМАНОВО)

Ракометарката на Куманово, Адела Еленин, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 4. коло од единственото женско сениорско натпреварување во Македонија.

Еленин, која во оваа сезона ги засили редовите на вицепрвакот Куманово, со осум погодоци го предводеше нејзиниот тим до победа над Деспина од 28:17.

Левото крило освои околу 52% од гласовите на читателите на 24Ракомет. На второто место со 45% заврши ракометарката на Чаир, Теодора Дукоска.

Во конкуренција за ѕвезда на 4. коло беше и голманката на Вардар, Вероника Ѓорѓиевска.