Петров и Орешков комбинираа 18 гола, неготинци лесно се справија со гевгеличани

Тимот на Вардар Неготино запиша убедлива победа во 24 коло од Првата лига над Партизан Гевгелија со 46-34.

На мечот во Неготино паднаа дури 80 погодоци и практично се играше без одбрани на двете страни.

Гевгеличани парираа петнаесетина минути до 8-8, а потоа неготинци полека ја преземаа контролата на теренот и до паузата стигнаа до плус шест, 22-16.

Домашните дадоа уште пет гола во серија на стартот на вториот дел за 27-16 и веќе беше јасно дека бодовите остануваат во Неготино.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ѓорѓи Орешков и Костадин Петров со по девет гола, додека осум пати погоди Наќе Ѓорѓев. Во составот на Партизан Гевгелија се истакна Илија Пејковски со 13 погодоци.