ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: На Вардар му треба чудо за Ф4, Автокоманда ќе го види финалистот на ЕХФ Купот

|
10:00
Share on Facebook

Денеска во центарот на вниманието ќе биде реваншот од четвртфиналето во Лигата на Европа меѓу Вардар и францускиот Монпелје.

Македонскиот тим загуби со десет гола на гостувањето минатата недела во Монпелје, 33-23 и ќе му треба вистинско чудо да го елиминира францускиот тим на патот кон завршниот турнир во ЛЕ.

Тренерот Иван Чупиќ најави дека ќе смета на Дмитро Горига и Јака Малус за оваа пресметка, кои би требало да бидат во составот, но се уште не е јасно дали ќе влегуваат во игра и ако да, колку време ќе можат да играат.

Покрај дуелот на Вардар и Монпелје, се играат уште три реванш средби, а најинтересно ќе биде во Кил, каде домаќините бркаат три гола негатива со хрватскиот Нексе Нашице, а возбудувања ќе има и во Хановер, каде се игра германски двобој со освојувачот на трофејот, Фленсбург. Првиот меч заврши реми.

На домашна сцена ќе се игра вториот натпревар од 7 коло во суперлигашкиот плеј-оф. Во Автокоманда гостува финалистот на ЕХФ Европскиот Куп – екипата на Охрид, која се соочува со големи проблеми поради повреди на дел од ракометарите, а има и напорен ритам, за разлика од домаќинот кој одморен и свеж ќе влезе во мечот што се игра од 18:00 часот.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:00 АЛКАЛОИД – ОХРИД (МАКЕДОНИЈА)
18:45 ХАНОВЕР – ФЛЕНСБУРГ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 ВАРДАР – МОНПЕЛЈЕ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 КИЛ – НЕКСЕ НАШИЦЕ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 ПОРТО – МЕЛСУНГЕН (ЛИГА НА ЕВРОПА)

Share on Facebook

Уште едно капитално засилување за Охрид – доаѓа екс играч на ПСЖ!

Авор: Душко Андов
| 4 мај 2026
09:49
Share on Facebook

По Дино Славиќ, Доминик Мате, Никола Зечевиќ и Мартин Карапалевски, во Охрид доаѓа уште едно големо засилување.

Станува збор за левото крило Адама Кеита, кој беше дел седум сезони од францускиот шампион ПСЖ, а последните година и пол ги мина во грчкиот АЕК Атина.

Кеита има 28 години и е поранешен младински репрезентативец на Франција, со која освои бронза на младинското СП 2017.

Додека беше дел од ПСЖ во ерата на Раул Гонзалез, освои седум титули во француското првенство, како и два трофеја во Купот на Франција.

Охрид на левата крилна позиција оваа сезона ги има капитенот Гоце Ојлески и младиот домашен играч Никола Ристески.

____________________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________

Share on Facebook

Астибо го надигра Куманово и го обезбеди опстанокот во Супер лигата

Авор: Душко Андов
| 3 мај 2026
21:55
Share on Facebook

Ракометарките на Астибо славеа убедлива победа над Куманово со 36-25 во натпреварот од 23 коло од Супер женската лига.

Со овој триумф штипјанки сега имаат 13 бодови на седмото место на табелата и практично го обезбедија опстанокот во елитната конкуренција за наредната сезона, додека Пелистер остана последен на шест бода.

Избраничките на Дејан Величков водеа на полувремето со 21-16, а во вториот дел комплетно го надиграа ривалот и на крајот остварија убедлив триумф.

Во следното коло Астибо ќе гостува кај Пелистер, додека Куманово ќе биде слободен, а неговата четврта позиција на табелата е загрозена од екипата на Спартак која игра во одлична форма.

Share on Facebook

🔴ВО ЖИВО🔴 Охрид – Целје

Авор: Душко Андов
| 2 мај 2026
18:45
Share on Facebook

Гледајте ВО ЖИВО, Охрид – Целје, ТУКА*

*само за територијата на Македонија

Share on Facebook

Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје, Куманово…со честитки за Охрид за големиот успех!

Авор: Душко Андов
| 3 мај 2026
21:12
Share on Facebook

По екипата на Вардар, уште три македонски екипи упатија честитки кон ракометниот клуб Охрид за големиот успех на меѓународна сцена.

Шампионот Еурофарм Пелистер исто така им честитаа на „гладијаторите“, а на социјалните мрежи успехот на Охрид го поздравија Бутел Скопје и Куманово.

Охрид се пласираше во финалето на ЕХФ Европскиот Куп по триумфот над словенечкиот Целје по пеналите со 29-27.

На патот до трофејот во ова натпреварување, пред охриѓани стои унгарскиот тим Татабања каде што игра македонскиот интернационалец Филип Талески.

Share on Facebook

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Две прволигашки средби во Богданци и Неготино

Авор: Душко Андов
| 4 мај 2026
10:40
Share on Facebook

Денеска на македонските терени ќе се одиграат две средби од машката прволигашка конкуренција.

Во Богданци, тимот на Младост е голем фаворит во дуелот со Шампион и со нови бодови ќе остане во трка по место во елитната конкуренција.

Мечот се игра од 20:00 часот во салата „Млаз“.

Во Неготино, вардарци ќе го пречекаат составот на Партизан Гевгелија и се фаворити за бодови на оваа пресметка.

Мечот стартува од 20:00 часот во салата „Св. Кирил и Методиј“.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

20:00 МЛАДОСТ БОГДАНЦИ – ШАМПИОН (МАКЕДОНИЈА)
20:00 ВАРДАР НЕГОТИНО – ПАРТИЗАН ГЕВГЕЛИЈА (МАКЕДОНИЈА)

Share on Facebook