Селекторот на машката репрезентација на Србија, Раул Гонзалез, го објави списокот на ракометари за бараж двомечот против Унгарија за пласман на СП 2027.
Гонзалез смета на 18 ракометари за овие два меча, а поради повреда на списокот го нема средниот бек Лазар Кукиќ. Повик не доби ниту триото од Партизан – Црноглавац, Дамјановиќ и Шотиќ, а камбек во националниот тим има за екс крилото на Вардар, а сега на Војводина, Марко Срдановиќ, кој игра во одлична форма.
Четворка од македонскиот шампионат се најде на списокот на Гонзалез – двајцата вардарци Вукашин Воркапиќ и Урош Митровиќ, потоа членот на Охрид – Дарко Ѓукиќ, како и левиот бек на тимот од Автокоманда – Урош Борзаш.
Средниот бек на Нексе, Огњен Цениќ, ќе го менува Кукиќ на средната бековска позиција, а повик доби пивотот на Партизан, Иван Мичиќ.
Првиот меч се игра во Ниш на 14 мај, додека реваншот е во Веспрем на 17 мај. Која репрезентација и да отпадне од овие две, сигурно ќе биде меѓу оние што би добиле вајлд-карта од ИХФ.

























