Талески добива конкуренција во Татабања – доаѓа Ричард Бодо

Унгарска Татабања официјално потврди големо засилување за следната сезона – репрезентативецот на Унгарија, Ричард Бодо, кој се враќа во клубот по цели десет години. Искусниот бек/шутер повторно ќе го носи дресот на „Сините тигри“ од септември 2026 година со што Татабања добива играч со сериозно домашно и меѓународно искуство.

Бодо претходно настапуваше за Татабања во периодот 2011-2016, по што направи трансфер во ПИК Сегед и со години беше еден од носителите на играта во унгарскиот и европскиот ракомет. Но, тимот од Сегед објави дека спогодбено го раскинува договорот со Бодо.

Оваа вест е интересна и од македонски аспект, затоа што во Татабања веќе настапува Филип Талески. Македонскиот лев бек пристигна во клубот во јануари како засилување во текот на сезоната и, според најавите во јавноста, неговиот договор важи до крајот на тековната сезона. Сега неизвесно е дали за следната сезона ќе има место во тимот на Татабања, бидејќи Бодо секако ќе биде „прва опција“.

Татабања е трет тим во Унгарија, и ќе игр аво финалето на Купт на ЕХФ против Охрид.

 

____________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________