ЅВЕЗДА НА 25. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – САРА МИНОВСКА (МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА)

Ракометарката на Металург Автокоманда, Сара Миновска, го доби признанието за најкорисен играч, односно за ѕвезда на 25. коло во Женската лига.

Миновска на натпреварот против Стружанка имаше одлична партија и со девет реализации го предводеше својот тим до убедлива победа.

Левото крило на гласањето доби неверојатни 87% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Талида Алмеида од Ѓорче Петров со околу 9%.

Во конкуренција за ѕвезда на 25. коло беше и ракометарката на Куманово, Сара Цветановска.