ЅВЕЗДА НА 1. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – МОНИКА БОСИЛКОВСКА (ПЕЛИСТЕР)

Ракометарката на Пелистер, Моника Босилковска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 1. коло во единственото женско сениорско натпреварување.

Десното крило на Пелистер продолжи со одличната форма од минатата сезона и на натпреварот против Гевгелија беше најпрецизна, имаше 11 реализации.

Битолчанката го освои првото место, доби околу 52% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Леона Миленкоска од Вардар со 43%.

Во конкуренција за ѕвезда на 1. коло беше и ракометарката на Чаир, Рона Мифтари.