Зоран Петковски го освои Супер Kупот на Косово

Само што седна на тренерската клупа на Феризај, женскиот вицешампион на Косово, нашиот тренер Зоран Петковски му го донесе првиот трофеј, освојувајќи го Суперкупот.

Тимот на Феризај победи по изведување на пенали триумфираше над Истогу, со 36-34 (32-32).

Шампионот Истогу цело време беа во водство. Но, во 59. минута Феризај израмни и така натпреварот беше решен со пенали. Ова е прв трофеј од Супер купот за Феризај, чии ракометарки годинава го освои и Купот на Косово.

Популарниот Зенга по 25 години минатата сезона го заврши престојот во Вардар, каде работеше во младинските категории, а претходно беше активен и како играч.

Феризај покрај на домашната, ќе биде активен и на меѓународна сцена, во Европскиот Куп, каде ќе се сретне со шпанскиот Ваљадолид.