Само 48 часа по триумфот над Старс Лавице во Регионалната лига, ракометарките на Ѓорче Петров им се враќаат на домашните обврски.
„Лавиците“ денеска од 19:15 часот ќе го одиграат натпреварот против Деспина од Прилеп во рамките на второто коло од Супер женската лига.
Избраничките на Славиша Димитријески се големи фаворитки во Прилеп и се очекува да ја запишат втората победа во новата сезона.
На меѓународна сцена, македонската репрезентативка Катерина Дамјаноска со романскиот Таргу Муреш гостува кај фаворизираниот ЧСМ Букурешт.
Во рамките на ЕХФ Европскиот Куп се игра реваншот од првото коло меѓу турскиот Спор Тото и босанската Вогошча. Спор Тото запиша триумф со 40-22 во првата средба и се наоѓа на чекор до втората рунда каде станува потенцијален ривал на Охрид и „сино-белите“ од Автокоманда.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:00 СПОР ТОТО – ВОГОШЧА (ЕХФ КУП)
16:00 ЧСМ БУКУРЕШТ – ТАРГУ МУРЕШ (РОМАНИЈА)
19:15 ДЕСПИНА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (МАКЕДОНИЈА)

























