За син картон доби 12 дена суспензија

Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука по синиот картон за десното крило Балша Чејовиќ од тимот на Тиквеш.

Тој доби црвен, па син картон од судиите на мечот против Струга од Супер машката лига по пет минути игра откако влезе во конфликт со домашниот играч Христијан Крстаноски.

Црногорецот доби суспензија од 12 дена, одлуката е донесена на 7 септември, што значи дека ќе може да игра веќе на 20 септември.

Според членот 110 од ДП, постојат многу построги казни, но според членот 52 од ДП, предвидено е ублажување на санкцијата, ако комисијата не утврди потешки последици или дека постојат олеснителни околности.

Тиквеш го одигра мечот од второто коло со Бутел Скопје без него, а со оглед на европските обврски на кавадарчани на 19 и 20 септември, Чејовиќ ќе биде во комбинација за одложениот дуел против Прилеп што ќе се игра на 23 септември, па практично со еден меч ја одлежа суспензијата.