Томче Трајчевски се врати дома

Екипата на Преспа доби значајно засилување со враќањето на кружниот напаѓач Томче Трајчевски, кој зад себе има богато суперлигашко искуство.

Трајчевски потекнува од школата на Младост Ресен, а во досегашната кариера настапуваше и за Јуниор КВ, Прилеп и Радовиш.

Со искуството стекнато на домашните суперлигашки терени, Трајчевски ќе има важна улога во прволигашот од Ресен во новата сезона.

Кружниот напаѓач веќе играше на првиот меч од новата сезона против Текстилец и постигна четири погодоци.