Завршниот турнир во „источната“ СЕХА во Брест од 31 мај до 2 јуни

Завршниот турнир во дивизијата „Исток“ од регионалната СЕХА лига ќе се игра во Брест од 31 мај до 2 јуни.

Салата „Викторија“ и Брест беа домаќини на Ф4 турнирите во СЕХА лига во 2017 и во 2019 година, а тогаш на двата пати шампион беше Вардар.

Наскоро треба да биде познато во кој облик и со колку екипи ќе се одигра сезоната во дивизијата „Југ“, која ќе има свој Ф4 турнир, a кон крајот на август, односно почетокот на септември, ќе се одигра турнир со по двете најдобри екипи од двете дивизии.

Познати се четвртфиналните двојки од дивизијата „Исток“, а во Брест сигурно ќе играат две руски и една белоруска екипа, а последниот патник ќе биде одлучен во дуелот меѓу СКА Минск и Зенит.

Четвртфиналните двобои се играат на 28 февруари и 5 март.

СЕХА лига, дивизија „Исток“, четвртфинале:

Брест Мешков – Машека
ЦСКА Мосвка – Виктор Ставропол
Чеховски Медведи – Пермски Медведи
СКА Минск – Зенит