Заврши сезоната за Иван Мартиновиќ!

Хрватскиот репрезентативец и капитен Иван Мартиновиќ порано од предвиденото ја заврши сезоната.

Десниот бек на Рајн Некар Левен по повредата во полуфиналето против Кил од Купот на Германија, ќе мора да паузира шест месеци.

Според докторските извештаи станува збор за повреда на тетивата, а предвидената пауза се поклопува со крајот на сезоната.

Тоа значи дека Мартиновиќ нема да игра за „лавовите“ на најважните битки во Бундес лигата, а ќе ги пропушти и квалификациските средби за пласман на ЕП 2026 на Хрватска против Белгија и Луксембург.