Загреб најде замена за Кос – доаѓа млад Хрват

Иако има договор со Загреб, Милош Кос, сосема извесно нема да продолжи да го носи дресот на хрватскиот првак.

Од раководството на Загреб веќе се активираа во потрагата за замена за српскиот репрезентативец, а се чини дека ја најдоа во Љубушки.

Младиот Диано Ќешко, кој се најде на поширокиот список на Дагур Сигурдсон за настап на СП, е пик на Загреб.

Ќешко, кој е член на Извиѓач, би требало да ја продолжи низата на таленти од овој клуб што се селат во Загреб по Матеј Мандиќ, Давид Мандиќ, Ивано Павловиќ, Јосип Шарац….

Според „Германијак“, Ќешко од лето ќе биде нов ракометар на Загреб. Тој има 20 години и висок скоро два метри, а покрај него, во Загреб од Љубушки, би можел да се пресели и десниот бек Филип Одак.