Откако и ја одзема организацијата на Русија на Европското првенство во 2026 година, Европската ракометна федерација мака мачи да најде нов организатор.
Веќе вторпат беше одложено доделувањето на организацијата за која се пријавија Турција, потоа Романија и Словачка со заедничка кандидатура, како и Полска и Чешка исто така со заедничка кандидатура.
„Беа одржани повеќе состаноци со заинтересираните федерации за организацијата на ЕП 2026 година. Но стана јасно дека ниту една од апликациите не беше идеална во поглед на инфраструктурата, градовите-домаќини…Затоа беше развиена идеја ЕП да се одржи во четири или пет земји. Овој предлог веќе беше испратен до сите апликанти, а во текот на февруари ќе има неколку состаноци на кои ќе биде разговарано за предлогот“, се вели во извештајот од последниот состанок на Извршниот Комитет на ЕХФ.
Досега имаше повеќе случаи кога две или три земји биле организатори, а историски прв случај со четири или пет домаќини многу веројатно може да има во 2026 година или веќе во 2030 и 2032 година.
ЕП 2022 се одржа во Македонија, Црна Гора и Словенија, а ЕП 2024 ќе се игра во Австрија, Унгарија и Швајцарија. Континенталниот собир во 2028 година ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка, а домаќините на ЕП во 2030 и 2032 година ќе бидат објавени во декември годинава.
Одложување по вторпат: Организацијата на ЕП 2026 ќе биде доделена во април