Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда за машката репрезентациja коja се бори за пласман на ЕП 2026.
РФМ вети 1.500.000 денари премиja, a исто толкава е ветената премиja од Министерството за спорт.
“Ве известуваме дека Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија,согласно Член 35, 59 и 60 од Статутот поради итност на донесување на одлукa согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 06.05.2025 година донесе одлука за доделување на парична награда.
Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда за македонската сениорска машка ракометна репрезентација, за успешен пласман на претстојното европско првенство преку квалификациски натпревари против репрезентациите на Естонија и Литванија во рамки на Men’s EHF EURO 2026 – Qualification Phase 5&6 во висина од 1.500.000,00 денари нето износ од РФМ.
Како дополнитена мотивација од Министерстото за спорт по одлука на Министерот за спорт Г-дин Борко Ристовски вети дополнителна парична награда од 1.500.000,00 денари нето износ, за нашата машка сениорска репрезентација за
пласман на Европското првенство”, се вели во обjaвата на РФМ.
Наптреварот против Естонија се игра во Талин на 8 мај од 18:00 часот, додека оној против Литванија е на програмата на 11 мај во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.
Македонија мора да чека пораз на Литванија, иако Словенија таму ќе оди со трет состав, за да остане во конкуренција за второто место.
Во секоја друга комбинација, ќе се бори за трето место, ќе треба двапати да победи, но и да пресметува гол-разлика со другите третопласирани селекции од сите групи.
Словенија е прва осум бода, Литванија има шест на второто место, додека Македонија е трета само со два бода.