Медиа тимот на Европската ракометна федерација денеска сподели објава на социјалните мрежи за ТОП 5 ривалства во Европа.
Ривалството меѓу двата најдобри македонски клубови, Вардар и Еурофарм Пелистер, се најде во нивниот избор на петтото место.
Покрај двобојот на „црвено-црните“ и „зелените“ во Битола, во ТОП 5 се најдоа и оние од Унгарија, Полска и Франција, но и ривалството меѓу два гиганти од различни земји – шпанската Барса и германскиот Кил.
Како и неколку сезони наназад, така и сега, овие два ривали ќе решаваат околу распределбата на трофеите во Македонија.