Историја за Фарски Острови – за првпат ќе играат на Светско првенство!

По низата успешни настапи на европските шампионати, селекцијата на Фарски Острови за првпат во историјата обезбеди место и на Мундијал.

По триумфот во Тузла над Босна и Херцеговина, „овчарите“ славеа и дома со 33-28, иако на паузата гостите водеа со 17-15.

Во вториот дел по 22-22, домашните постигнаа четири гола по ред за 26-22 и ја направија клучната предност што не ја испуштија до крајот.

Најдобар стрелец во победничката селекција беше Ав Тејгум со 11 гола, додека за Босна и Херцеговина, Сахиновиќ стрелаше десет пати.

Покрај Фарски Острови, на СП 2027 во Германија патуваат Шпанија и Норвешка, кои по вторпат ги победија Израел (36-29) и Турција (37-30).