Текстилец со победнички крај на сезоната

Тимот на Текстилец имаше победнички крај на сезоната во прволигашката конкуренција, откако славеше дома против Шампион со 37-28.

По пет минути беше 6-1, по петнаесетина минути 12-2 и веќе беше јасно кој ќе победи на овој натпревар.

До паузата штипските ракометари направија залиха од 12 погодоци, 22-10, а второто полувреме беше шанса сите да добијат минутажа.

Најдобар стрелец во победничкиот состав беше Филип Џинес со десет погодоци, додека кај Шампион, Давид Јовчевски, даде 13 гола.