Пионерите на „сино-белиот“ тим од Автокоманда се нови шампиони во машката пионерска лига.
Избраниците на Дарко Петровски во финалето го совладаа бранителот на титулата Охрид со 28-20. Осум гола за победникот даде Иван Великов, додека седум пати за Охрид стрелаше Илија Трајчески.
Најдобар играч, МВП на турнирот беше избран Петар Митев од тимот од Автокоманда, додека од победникот доаѓа и најдобриот голман – Мартин Пандиловски, а најдобар стрелец е Даниел Христовски од Еурофарм Пелистер 2 кој даде 15 гола на двата меча.
Претходно во полуфиналето, новиот првак беше подобар во братскиот двобој со „витамините“ со 24-20, додека Охрид го победи составот на Еурофарм Пелистер 2 со 14-13 со гол по истекот на времето од слободен удар на Илија Трајчески.
Во битката за бронза, „витамините“ славеа против Еурофарм Пелистер 2 со 26-22.
___________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________

























