Вардар мопротив Куманово – ќе финишира на третото место во Супер лигата!

Ракометарките на Вардар ќе ја завршат оваа сезона во Супер женската лига на третото место на табелата, откако славеа против Куманово со убедливи 45-28.

Сега избраничките на Даниела Новеска имаат 28 бодови и ќе бидат недостижни во следните три кола за Куманово, кој останува на 21 бод на четвртото место.

Победата беше обезбедена уште по првото полувреме кога домаќинките водеа со седум погодоци, 20-13.

Вториот дел мина исто така со доминација на вардар, а Куманово немаше сили да парира и да го направи мечот поинтересен од резултатски агол.

Најдобри во победничкиот тим беа Леона Миленкоска и Ивана Трифуновска со по седум гола, а по шест пати погодија Таида Беровиќ и Мила Ристовска.