Домаќинот на Ф4 турнирот во Лигата на Европа, Дижон, како и германскиот Турингер, ќе се борат за трофејот во второто по ранг европско клупско натпреварување.
Актуелниот бранител на трофејот, Турингер, втора сезона по ред ќе игра во финалето, откако славеше против данскиот Виборг со 26-24.
Францускиот Дижон ќе го игра своето прво финале во клупската историја по триумфот над унгарскиот МОЛ Естергом со 33-30.
Мечот за третото место утре ќе почне од 15:00 часот, додека битката за трофеј ќе стартува од 18:00 часот.
___________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________

























