Во Фуксе Берлин среќни по ждрепката – не чекаат одлична атмосфера, возбудувања, атрактивен ракомет…

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во новата сезона од Лигата на шампионите ќе игра против екипите на ПСЖ, Веспрем, Висла Плоцк, Фуксе Берлин, Спортинг Лисабон, Динамо Букурешт и Фредериција.

Од германскиот вицепрвак Фуксе Берлин се задоволни и среќни по добивањето на ривалите.

„Добивме група што го ветува токму тоа за што се игра Лигата на шампионите – многу емоции и одлична атмосфера, возбудувања и атрактивен ракомет. Ќе играме против некои тимови што добро ги познаваме. Сме играле со сите претходно, но пак ќе имаме големи предизвици. Можно е се да се случи, да бидеме втори во најдобар случај и седми или осми во најлош случај“, вели тренерот Јарон Сиверт.

Пелистерци ќе се соочат со Фуксе Берлин на гостински терен на 23/24 октомври, додека во Битола ќе играат против „лисиците“ на 27/28 ноември.