Македонскиот вицепрвак Куманово забележа нова победа во Женската лига, откако славеше на гостински терен кај Стружанка со 28-19.
Лидер на избраничките на Славиша Димитријески беше бекот Габриела Величковска, кој погоди десет пати во домашниот гол.
Беше 7-2, па 11-4 и до крајот на паузата гостинките ја задржаа таа предност, 17-10, а во вториот дел кој изобилуваше со грешки, но и голмански одбрани рутински го приведоа мечот до крај.
Покрај Величковска, во составот на Куманово, одлична беше и Јана Ѓошевска со осум погодоци, додека кај Стружанка се истакнаа Теодора Маркоска и Бојана Јованоска со по четири гола.
Сега Куманово има 27 бодови и се израмни со Металург Автокоманда на делба на третото место, додека Стружанка остана шеста со 19 бода.