Вардар како брз воз низ Струга

Ракометарките на Вардар забележаа висока победа на незгодното гостување кај Стружанка со 36-18 во натпреварот од 9 коло во Женската лига. Домаќинките имаат нов тренер, откако екипата ја презема Наум Костоски на местото од Владимир Паноски, но тоа не беше пречка за Вардар да слави убедливо.

Парираше Стружанка во првите десетина минути, потоа следуваше голем пад во играта и Вардар тоа го искористи уште по првиот дел да го реши победникот, 20-7.

Во второто полувреме немаше никакви дилеми околу победникот, вардарки не форсираа и само рутински до одработија натпреварот до крај.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ивона Трпевска со десет гола, како и Нина Попова и Тамара Ивановска со по пет погодоци.

Во составот на Стружанка само четири ракометарки погодуваа – по пет пати Мендувие Далипоска и Теодора Маркоска, а по четири гола дадоа Ивана Затуроска и Маја Раткушиноска.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080