Вардар им се заблагодари на Ѓукиќ, Мишевски, Томовски…

Натпреварот со Бутел Скопје во 14 рунда од суперлигашкиот плеј-оф беше последен во дресот на Вардар за четворица ракометари.

Голманот Мартин Томовски по три сезони минати на „црвено-црниот“ гол се враќа во Германија и ќе брани за Постдам.

Десното крило Дарко Ѓукиќ исто така мина три сезони во Вардар, но сега ја завршува скопската мисија.

Од двократниот европски шампион заминуваат и левиот бек Марко Мишевски и средниот бек Мартин Карапалевски, кој се сели во шпанскиот Ваљадолид.

Досега потврдени се трансферите на левите бекови Дмитро Горига и Томче Стојановски, како и десното крило Мигел Пинто, а договорите ги продолжија Лазаревски, Срдановиќ, Стојановски, Георгиевски…