Н’Гесан верен на Барса – останува до 2029 година

Барселона продолжува да го гради тимот за иднината, а следен кој ја продолжи верноста кон каталонскиот гигант е Тимоти Н’Гесан.

Искусниот лев бек постигнал договор со Барселона за продолжување на соработката до летото 2029 година, иако актуелниот договор му истекуваше во 2027 година. Со тоа, Н’Гесан би заокружил дури 13 сезони во сино-црвениот дрес.

Французинот пристигна во Барселона во 2016 година од Шамбери и со текот на времето стана еден од лидерите на тимот. Денес е заменик-капитен на екипата, а клубот го смета за еден од клучните играчи во проектот за наредните години.

Н’Гесан со Барселона освои бројни трофеи, меѓу кои и три титули во Лигата на шампионите.

Продолжувањето на договорот со Н’Гесан е уште еден важен потег на Барселона, која веќе работи на задржување на носителите на играта и создавање конкурентен тим за следните сезони.