Словенија избра претседател – тој потврди кандидатура за ЕП 2034 заедно со Србија и Македонија

Бор Розман доби нов четиригодишен мандат на чело на Ракометниот сојуз на Словенија, а во новиот период главниот фокус ќе биде ставен на резултати, стабилност и дополнителен развој на словенечкиот ракомет. Розман добил 42 гласа на Собранието, речиси двојно повеќе од Миран Сечи неговиот противкандидат.

По финансиската санација што беше главна задача во првиот мандат, кога беше затворена дупката од 1,7 милиони евра, сега целите се многу поамбициозни. Од федерацијата очекуваат и машката и женската сениорска репрезентација редовно да играат на големите натпреварувања, да обезбедат настап на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година, но и да нападнат барем еден медал на европските и светските првенства или на Олимписките игри.

Покрај резултатскиот дел, во новиот мандат Словенците ќе работат и на зголемување на популарноста на ракометот, поголема масовност, организациска стабилност и нов раст на приходите од спонзори и јавни извори.

Дел од амбициозниот план е и кандидатурата на Словенија за коорганизација на Европското првенство за мажи во 2034 година. Тоа првенство би требало да се организира заедно со Србија и Македонија. Трите земји треба да аплицираат кога ќе се отвори процесот за избор на домаќин.

Розман јасно порача дека сојузот сега влегува во фаза во која, по средувањето на финансиската состојба, може уште посмело да ги напаѓа големите спортски цели и да создава услови словенечкиот ракомет да остане конкурентен на највисоко ниво.

____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, 
приклучи се на Viber групата на семејството на 24Ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________