Одредени мундијалските саатници: Македонија само еднаш во централниот термин!

Светската ракометна федерација ги потврди саатниците за натпреварите од групната фаза на Мундијалот во Германија.

Македонија ќе биде во групата Х што ќе се игра во „ГЕТЕК Арена“ во Магдебург со Исланд, Бахреин и Јапонија.

Стартот е на 15 јануари со меч од 18:00 часот против Јапонија, додека на 17 јануари се игра дуелот со Бахреин исто така од 18:00 часот.

Само последната средба против единствената европска селекција во групата, Исланд, ќе се одигра во централниот термин од 20:30 часот.

„Рибарите“ секој меч го играат во истиот термин. Најдобрите три селекции продолжуваат во главната рунда, а послендата ќе игра во Президент Купот.