Ѓорче Петров 2 ги чува своите деца – нов договор за Јана Петровска

Новиот суперлигаш Ѓорче Петров 2 активно работи на составот со кој ќе се натпреварува претстојната сезона во елитната конкуренција.

По левите бекови Антонела Ѓероска, Миа Маринчов и Бојана Георгиевска, средните бекови Михаела Димитриевска и Ева Ѓорѓиевска, пивотите Мирјана Наумоска и Симона Блажеска, десниот бек Тара Аврамоска, десното крило Сара Ристовска, левото крило Теодора Спасоевска, уште една ракометарка стави потпис на нов договор.

Станува збор за средниот бек Јана Петровска, која и наредната сезона ќе биде дел од тимот предводен од легендарната Милева Велкова.

Ѓорче Петров 2 го освои второто место во Првата лига и се врати во суперлигашката конкуренција по триумфот над Пелистер во бараж пресметката.

____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, 
приклучи се на Viber групата на семејството на 24Ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________