Денеска со натпреварот меѓу Вардар и Струга ќе започне новото, 4. коло во суперлигашкиот плеј-оф/аут.
Вардарци, кои во претходното коло беа поразени во Кавадарци од Тиквеш, ќе мора да го дадат максимумот за да дојдат до втор триумф во пролетниот дел од сезоната.
Стружани ќе бидат мотивирани да се покажат во добро светло и да одиграат според посакуваното против поранешниот шампион на Македонија.
Избраниците на Наум Танески од натпревар во натпревар ја подигаат формата и главната цел ќе им биде што повеќе да им парираат на „црвено-црните“.
Натпреварот меѓу Вардар и Струга ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18:15 часот.
Големи возбудувања во 4. коло се очекуваат на натпреварите меѓу екипите на Бутел и Тиквеш, односно Охрид и Алкалоид.
Супер лига, плеј-оф, 4. коло, распоред:
01/03, 18:15, Вардар – Струга
02/03, 18:00 Бутел – Тиквеш
02/03, 18:00, Еурофарм Пелистер – Пролет
03/03, 18:30, Охрид – Алкалоид
Во плеј-аут фазата ќе продолжи големата борба за опстанок во најквалитетното македонско натпреварување. Во 4. коло ќе има три интересни дуели, додека лидерот на табелата, тимот на Прилеп, е слободен.
Еурофарм Пелистер 2 во Автокоманда кај дебитантот ќе бара рехабилитација по поразот од Вардар Неготино, кој во Скопје против истоимената екипа ќе атакува на нови бодови.
Голден Арт пред својата публика ќе го пречека Куманово и ќе се обиде да го запише првиот триумф во плеј-аут фазата.
Супер лига, плеј-аут, 4. коло, распоред:
02/03, 15:00, Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2
02/03, 17:00, Скопје – Вардар Неготино
02/03, 18:00, Голден Арт – Куманово
Прилеп слоб.