Екипата на „витамините“ од Автокоманда трета сезона по ред е младински шампион на Македонија и ја обезбеди титулата на четири кола до крајот.
Со победата над Бутел Скопје со 31-27, тимот од Автокоманда собра 46 бодови што беше доволно за радост и обезбедено прво место.
На втората позиција е Еурофарм Пелистер 2, кој има 32 бода, додека на делбата на третата позиција се Бутел Скопје и Пролет, кои досега собраа по 30 бода.
Во преостанатите четири кола, ќе биде интересна битката за второто место на табелата, бидејќи „витамините“ се далеку напред.

























