Глигоров го однесе Кастриоти во финалето на плеј-офот во Косово!

Тимот на Кастриоти, каде што тренер е македонскиот стратег Владимир Глигоров, обезбеди место во финалето на плеј-офот во косовскиот шампионат.

Кастриоти по трофејот во Купот на Косово, ќе има шанса под водство на Македонецот да се бори за двојна круна.

Тимот на Глигоров славеше по вторпат во полуфиналето од плеј-офот против Велазними со 43-34, откако во првиот меч беше 41-27 за Кастриоти.

Ривал на Кастриоти и Глигоров ќе биде составот на Раховеци, кој во полуфиналната серија го елиминира тимот на Беса.