Пионерките на Ѓорче Петров се шампионки на Македонија!

Пионерките на Ѓорче Петров се старо-нови шампионки на Македонија, откако на две кола до крајот на првенството имаат недостижна предност на врвот на табелата.

Ѓорче Петров има 36 бодови на првото место и максимален биланс од 18 победи на 18 натпревари, додека втор е тимот на Астибо од 30 бодови.

На последниот натпревар, најмладите „лавици“ ја совладаа екипата на Струга со 21-11, а најдобри стрелци беа Варвара Атанасовска со седум и Лана Алтанова со три гола.

Во следното коло, Ѓорче Петров игра со Шампион дома, а во последното ќе игра на гостински терен кај Вардар, и на некој од тие два меча ќе го добие заслужениот пехар и медалите.