Тимот на Ајдовшчина, каде што тренер е македонскиот стратег Раде Стојановиќ, а таму игра Михаил Иваноски, се наоѓа на чекор до пласман во најсилната лига во Словенија.
Во првиот меч од серијата на финалето на плеј-офот, Ајдовшчина успеа да одигра реми кај незгодниот состав на Мокерц, 27-27.
Реваншот се игра на 23 мај на теренот на Ајдовшчина, по што ќе биде познат тимот што оди директно во најсилната конкуренција, односно оној што ќе игра во бараж.
Откако ја презема клупата на Ајдовшчина, Стојановиќ нема пораз во пролетниот дел од сезоната во Словенија.
























