УТРЕ НА 24РАКОМЕТ…За несудениот фудбалер и кошаркар, кој најдолго се задржа во ракометот…

Кристијан Грчевски беше изненадување на селекторската позиција, неочекувано решение од Ракометната федерација на Македонија кое лани во септември го превзема местото на Љубомир Савевски. Тренер кој претходно за една акција седна на клупата на женската кадетска репрезентација, а потоа го превзема женскиот А тим, со кој успеја првпат по 12 години да избори пласман на едно големо натпреварување.

Успехот е на ракометарките кои на свој грб го понесоа товарот на квалификациите, но истовремено ова е успех на стручниот штаб и на селекторот Кристијан Грчевски, кој за неполна година на клупата успеја во нешто што сениорките го бркаа повеќе од една деценија.

Дифовец (завршен Факултет за физичка култура) со професорско искуство во основно училиште „Гоце Делчев“, во Американската гимназија, како и во Академијата на РК Вардар, тренер со Mастер коуч лиценца, кој е решен комплетно да се посвети на ракометот. Грчевски потекнува од спортско семејство – неговата мајка и сестра се поранешни ракометарки, неговиот татко е хокејар, а спортскиот дух и здравиот начин на живот тој сега ги пренесува и на неговите син и ќерка.

Популарниот Кики е несуден фудбалер и кошаркар, најдолго се задржува на ракометот, а имал статус и на хокејарски репрезентативец кој го има постигнато првиот гол за македонската хокејарска репрезентација.

За тоа како од предводник на машкиот суперлигаш Бутел и тренер во младинските школи на Пролет и Вардар стигна до селекторската позиција, како и за успехот на репрезентацијата, но и за интересната животна приказна на селекторот Кристијан Грчевски ќе читате во утрешното интервју со 24Ракомет.