Марко Мишевски пред трансфер во Хрватска!

Левиот бек Марко Мишевски е на чекор до трансфер во Хрватска и ќе има нов предизвик во странство.

Откако замина од израелскиот Макаби Ришон Ле Зион, Мишевски би можел да го засили хрватскиот состав Сисак.

Мишевски своевремено беше член на француските Гренобл и Курнон Доверњ, а сега одново се враќа на интернационална сцена.

По настапите за Вардар Јуниор, играше и за Вардар, а една полусезона настапуваше и за тимот на Пролет.

Сисак во новата сезона ќе биде дел од групата Б во хрватскиот шампионат, ги избегна Загреб и Нексе Нашице, а ќе игра против Сесвете, Карловац, Горица, Трогир, Осијек, Чаковец и Метковиќ во регуларниот дел од сезоната.