Еурофарм Пелистер 2 под водство на Бранислав Ангеловски го започна новото поглавје во клупската историја.
Најискусниот во составот на Ангеловски ќе биде капитенот Стефан Дрогришки, кој треба да биде лидерот на младиот состав.
„Се надевам дека оваа сезона ќе имаме добро издание. Оваа екипа е претежно составена од млади ракометари кои се на прагот да се истакнат со своите квалитети. Имаме дел докажани, дел допрва треба да се докажуваат. Мило ми е што сум дел од оваа екипа и што ќе соработувам со Бранислав Ангеловски. Под негово водство мислам дека можеме да направиме добра хемија и добра работна атмосфера во која ќе можеме да промовираме многу млади ракометари од оваа школа“, изјави Дрогришки.
Битолчани ќе се подготвуваат на домашно тло, а летово ќе играат и на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп.

























