Еден од ривалите на Македонија на СП, репрезентацијата на Унгарија, одигра само реми против подмладената Србија, 31:31 (16:15).
Последниот гол за реми беше дело на Унгарецот Доминик Мате, кој не дозволи избраниците на Чутура да триумфираат на денешната контролка.
Овие две репрезентации повторно ќе имаат пријателско соочување, на 10 јануари во Сегед.
Унгарија и Македонија во групната фаза на Мундијалот 2025 ќе се сретнат уште во првото коло.
Освен со Македонија, избраниците на Родригез ќе играат и против Холандија и аутсајдерот Гвинеја.