Gábor ANCSIN, Hungary vs Croatia, Men's EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 20.01.2024., Mandatory Credit © Axel Heimken / kolektiff

Унгарците славеа над “анемичната“ Хрватска!

Унгарија продолжува да сервира добри натпревари на ЕХФ ЕУРО 2024. Ракометарите на Чема Родригез сосема заслужено славеа над анемичната Хрватска која цели шеесетина минути не успеа да се “снајде“ на теренот во Келн. Унгарската одбрана беше незгодна за Хрватите кои многу тешко стигнуваа до гол во нападот, а непремостива пречка беше голманот Бартуч кој собра 14 одбрани на своето конто.

Унгарија-Хрватска 29:26 (14:13)

Хрватска со голот на Срна го отвори натпреварот, а тоа беше и единственото водство кое хрватите го имаа во првиот дел. Унгарија врати преку Анчин и во продолжение комплетно ја превзема иницијативата на теренот. Одличната конекција на унгарските бекови со својот пикер Банхинди им задаваше главоболки на Хрватитe кои во 15.минута веќе беа во негатива од четири голови, 9:5. Да не отиде натпреварот во неповрат уште во раната фаза се погрижија Лучин, Михиќ и Кларица, со чии погодици Хрватска направи 3-0 серија за намалување на 9:8. Фазекаш со погодок го прекина налетот на противникот, а Унгарците ја користеа секоја шанса да ја пробијат противничката одбрана која беше фокусирана на противничкиот пикер Банхиди. И покрај лошата игра во нападот Хрватска најчесто од надворешните позиции успеваше да го пронајде патот до Унгарската мрежа, а преку Лучин и Мараш на двапати пропушти шанса да стигне до израмнување. Во последната минута Имре со својот четвртти погодок од четири обиди донесе водство од 14:12 за Унгарија, а последниот гол во првиот дел беше дело на Срна за конечни 14:13 по првото полувреме.

Zvonimir SRNA, Hungary vs Croatia, Men’s EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 20.01.2024., Mandatory Credit © Axel Heimken / kolektiff

Вториот дел започна со израмнета игра на двете страни, a Хрватска по подолго време  преку Главаш го врати водството на своја страна 16:17. И покрај тоа ракометарите на Перковац не играа течно во нападот, шутираа од неизградени позиции, а Унгарија знаеше тоа како да го казни. Најпрво Бодо а потоа и Лекаи го совладаа Кузмановиќ, за враќање на водството 23:21. Следеше тежок период за Хрватска бидејќи остана со двајца ракометари на теренот, но Унгарците во тој период успеаа само да го задржат водството од два голови. Храватска успеа да заигра малце побрзо во нападот па Кларица со два брзи погодоци израмни на 25:25 на пет минути до крајот. Следуваа два нови погодоци за Унгарците. Лекаи по одбиена топка од седмерец реализираше за 26:25, а веќе во следниот напад Хрватите наивно ја продадоа топката по што Унгарија реализираше контра за солидни +2, 27:25. Хрватска кога беше најпотребно одигра очајно. Веќе следниот напад Срна подаде уште топка во рацете на унгарските ракометари, а Шипош реализираше во контра за 28:25. На спротивната страна реализираше Главаш, а Илиќ со гол во последните секунди стави крај, за голема победа на Унгарија од 29:26.

Најпрецизен ракометар во Унгарската репрезентација беше Ирме со седум голови, а Бодо постигна пет. Во Хрватска Главаш и Лучин беа стрелци на пет.

Со овој триумф Унгарија остана во игра за пласман во полуфиналето, за разлика од Хрватска која повеќе нема шанси да се пласира помеѓу најдобрите четири.