Со години не можеа да му парираат на силниот Келце, а сега веќе не е изненадување кога Висла Плоцк ќе го совлада тимот на Талант Душебаев.
Предводени од голманот Мирко Алиловиќ, кој имаше 13 интервенции, ракометарите на Висла Плоцк победија со 27-23.
Во текот на мечот имаа и шест гола предност, 21-15, и немаше многу драма и неизвесност во финишот на натпреварот.
МВП на мечот беше Алиловиќ, а најдобар стрелец во победничкиот тим беше Сита со шест гола, додека Фазекаш даде уште пет.
Кај Келце, по пет пати во листата на стрелците се запишаа Олејничак и Алекс Душебаев, но тоа беше премалку за нешто повеќе на овој меч.