Европското првенство во Германија сруши многу рекорди, кои во догледно време тешко ќе бидат достигнати.
Кога се работи за ТВ рејтинзите во Германија и тоа колку гледачи ги следеле натпреварите од ЕП во домашна атмосфера, исто така има одлични бројки.
Најмногу гледачи привлече полуфиналниот натпревар меѓу Данска и Германија, кој го гледале околу 9.7 милиони луѓе.
По поразот од Данска, интересот очекувано се намали, па мечот за бронзата во пладневниот термин во неделата го следеле 4.7 милиони Германци.
Финалето меѓу Франција и Данска во Германија привлече повеќе гледачи отколку мечот на домашните ракометари за бронза – го гледале околу 4.8 милиони луѓе.