ТРИ ЅВЕЗДИ НА 7. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за третпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на седмото коло во единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Во изборот за ѕвезда на 7. коло има по една ракометарка од Куманово, Ѓорче Петров и Скопје.

За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.

Женска лига, 7. коло, резултати:

Група А
Скопје – Стружанка 34:24 (ИЗВЕШТАЈ
Чаир – Ѓорче Петров 2 45:30 (ИЗВЕШТАЈ)
Астибо слоб.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЧАИР880016
2АСТИБО850310
3СКОПЈЕ84139
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82155
5СТРУЖАНКА80080

Група Б
Овче Поле СУ – Гевгелија 18:14 (ИЗВЕШТАЈ)
Пелистер – Куманово 19:32 (ИЗВЕШТАЈ)
Металург Автокоманда слоб.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА871015
2КУМАНОВО861113
3ПЕЛИСТЕР 201284048
4ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.82064
5ГЕВГЕЛИЈА80080

Група В
Деспина – Ѓорче Петров 17:32 (ИЗВЕШТАЈ)
Шампион – Спартак 14:31 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар слоб.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЖРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ880016
2ВАРДАР860212
3ДЕСПИНА84048
4СПАРТАК82064
5ШАМПИОН80080

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 7. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Нена Нестороска - Куманово
56.23%
Клементина Ѓурческа - Скопје
42.96%
Есма Муратовиќ - Ѓорче Петров
0.81%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 7. КОЛО

Есма Муратовиќ (Ѓорче Петров) – Црногорската интернационалка беше една од најзаслужните за високата победа на шампионот на гостувањето во Прилеп.

Нена Нестороска (Куманово) – Младата ракометарка одигра одлично на натпреварот против Пелистер, зад своето име запиша десет погодоци.

Клементина Ѓурчека (Скопје) – Средниот бек на Скопје беше најефикасна во убедливиот триумф против Стружанка.