По Миха Котар, Ненад Белистојаноски и Мартин Серафимов, како и новиот стратег Лино Червар, Еурофарм Пелистер го промовираше и четвртото засилување за новата сезона.
Станува збор за 23-годишното десно крило од босанскиот шампион Извиѓач, кое доаѓа на местото на Богдан Радивојевиќ.
„Талентот и квалитетот е неспорен, затоа патиштата ни се спојуваат. Босанскиот интернационалец Едвин Џелиловиќ е нов член на Еурофарм Пелистер. 23-годишното десно крило од Тузла потпиша тригодишен договор со Еурофарм Пелистер и доаѓа во најракометниот град со големи очекувања. Џелиловиќ ја надмина средината и со серија на титули со Извиѓач ќе пристигне во Македонија. Покрај за овој клуб кој доминира во шампионатот на БиХ, Џелиловиќ го носеше дресот и на Грачаница. Висок е 189 сантиметри и тежок 69 килограми, а во последните години остави траги играјќи во Европската лига и ЕХФ Европскиот Куп. Едвин Џелиловиќ ќе биде официјално претставен на почетокот на подготовките за сезоната 2026/27 во јули годинава“, се вели во објавата на клубот.
Од клубот заминуваат Илија Абутовиќ, Домен Тајник и Богдан Радивојевиќ.























